„Веруваме во Клоп и титулата!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул од почетокот на 2017-та година се наоѓа во лоша резултатска серија.

Ливерпул за 7 денови се простија од ФА и лига купот, а во ПЛ имаат неколку киксови и со тоа направија голем чекор назад во борбата за титулата.

Сепак, во тимот на Ливерпул има оптимисти, а еден од нив е Кутињо.

„Сите играчи се заедно со Клоп. Се наоѓаме во лоша серија, но и понатаму веруваме во него и титулата. Таа не е изгубена и за неа ќе се бориме додека има надеж.“

Бразилецот додаде и дека е среќен поради новиот договор со Ливерпул и дека се надева на победа против Челси.