Возбудливи квалификации во Монца: Раиконен на пол позиција

Доста возбудливи квалификации видовме на една од најинтересните Ф1 патеки, италијанската Монца.

Возачот на Ферари, Кими Раиконен ја освои пол позицијата пред својот клупски колега, Себастијан Фетел и лидерот во генералниот пласман, Луис Хамилтон.

Хамилтон во последниот круг влезе со најдобро време, но во последните моменти прво Себастијан Фетел постави подобро време, а малку после тоа времето на Фетел го надмина неговиот колега, Кими Раиконен.

Од четвртата позиција ќе стартува вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, а од третиот ред ќе тргнат Макс Верстапен и Роман Грожан.