Во таборот на македонската репрезентација на големо се слави: Гоце Георгиевски стана татко на девојче! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Непосредно пред мечот во кој Македонија ќе тргне по трета победа против Шпанија во групата Б на ракометното СП, од таборот на националниот тим пристигнуваат прекрасни вести.

Имено, на неколку часа пред дуелот со „Црвената фурија“, нашиот крилен ракометар, Гоце Георгиевски на социјалните мрежи објави дека стана татко по вторпат.

Неговата сопруга на свет донесе живот и здраво девојче, а реакциите на социјалните мрежи се и повеќе од одлични.

Гоце, па ова е одличен мотив за одлична партија против противникот, кој за потсетување никогаш не сме го совладале во досегашните меѓусебни дуели.