Габигол се „разбуди“, но уште не е време за враќање во Милано!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Габриел Барбоса, односно Габигол, стигна во Интер во 2016. година како еден од најталентираните бразилски фудбалери, а притоа беше платен 30 милиони евра.

Сепак, залудни беа пофалбите, зашто Барбоса не покажа ништо во десет настапи колку што имаше за „нераѕурите“ и постигна само еден гол, а минатото лето се пресели на позајмица во Бенфика.

Ниту таму не се прилагоди, па по пет натпревари се врати на „Џузепе Меаца“, а во јануари беше вратен во Сантос, каде што постигна 19 голови на 38 настапи.

Сепак, очигледно нема толку лесно да се врати во Интер, зашто Сантос сака да му ја продолжи позајмицата, а интерес за него покажа и Гремио.