Гвардиола е сосема јасен: Англичани извинете, но Баерн е мојот фаворит!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн и Ливерпул вечерва во директен дуел на „Алијанц Арена“ ќе одлучат за патникот во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола силно посакува екипата на Баерн да го елиминира Ливерпул од Лигата на шампионите.

Иако „Црвените“ со евентуално минување во следната фаза би биле и поуморни во трката со Сити за шампионската титула во Премиер лигата, Гвардиола нема дилеми пред вечерашниот меч.

Тој сака Баерн да го мине Ливерпул, бидејќи сепак некогаш го предводеше великанот од Минхен.

„Им се извинувам на сите Англичани, но јас би сакал Баерн да мине понатаму. Бев дел од тој клуб, го сакам Минхен и Баерн. Таму имам многу пријатели“, јасен беше Гвардиола.

Шпанскиот стратег баварскиот великан го предводеше три сезони. Беше тоа во периодот од 2013. до 2016. година, а со клубот освои вкупно 7 трофеи.

Од тие седум, три титули во Бундеслигата, три ДФБ Купа, УЕФА Суперкуп и ФИФА Светското првенство.