Големи промени во Вардар: Панчев станува претседател, а на кормилото седнува српски тренер!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Илија Столица не остана долго време во Љубљана, па реши да си најде нова работа, а медиумите од странство шпекулираат дека ќе стане нов тренер на Вардар.

Планот на градските власти е да ја преземат грижата за Вардар, кој се наоѓа во големи финансиски проблеми откако Сергеј Самсоненко престана со финансиската помош.

Доколку тоа се случи, тогаш легендарниот голгетер на Вардар, Дарко Панчев, ќе ја преземе претседателската функција на најтрофејниот македонски клуб, а Столица ќе стане нов тренер на црвено-црните.

Буџетот на Вардар би требало да изнесува два милиони евра, а градот Скопје треба да обезбеди милион ипол евра.

Столица, поранешниот тренер на Вождовац и Војводина, во Олимпија од Љубљана помина само месец ипол, а потоа замина поради лошите резултати.