Големо изненадување на Мундијалот: Русија по пенали ја совлада Црвената фурија (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Русија се пласираше во четвртфиналето откако на пенали беше подобра од Шпанија во првиот денешен осминафинален натпревар.

По 90 минути и дополнителните 30 минути продолжение резултатот беше 1:1, за во пенал рулетот домаќините да слават со 4:2. Капитенот Акинфеев ги одбрани пеналите на Коке и Јаго Аспас и така го трасираше патот на Русија кон четвртфиналето.

Натпреварот започна одлично за Шпанците со оглед на тоа што до водство стигнаа уште во 12. минута кога Игнашевич си постигна автогол.

Шпанија очекувано ја контролираше играта, но во 41. минута Русија стигна до израмнување откако Дзјуба го совлада Де Геа од белата точка.

Во второто полувреме домаќините поставија бункер пред својот гол, а рускиот бедем на „Лужники“ издржа до самиот крај.

На крајот храбрите Руси слават историски пласман во четвртфиналето, додека Шпанија е третата репрезентација по Португалија и Аргентина која ги заврши настапите на овој Мундијал.