Гонзалез го објави списокот за ЕХФ неделата

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез денес го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за собирот на репрезентацијата во рамките на ЕХФ неделата.

Собирот е закажан за 23 октомври, а покрај стандардните репрезентативци во дресот со националниот грб се враќа и Немања Прибак, а ново име е голманот на Иштад, Јане Цветковски.

Како што е познато на ЕХФ собирот нема да се одигра ниту еден контролен натпревар туку ќе има тренинзи во кои ќе се воигруваат некои тактички замисли на нашиот селектор.

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски
Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски, Немања Прибак
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
Дефанзивци: Велко Маркоски, Аце Јоноски