Дежа ву на Сан Паоло – Наполи поведе, експедицијата на Зидан преку Рамос и Мората стигна до втора победа (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид на Сан Паоло го победија Наполи во реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите, 1:3..

Неаполитанците го започнаа подобро натпреварот. Во 26-та минута Мертенс погоди за водство на домашните. Неколку минути подоцна Реал преку Роналдо можеше да израмни, но португалецот ја погоди стативата.

Мертенс пред крајот на првото полувреме немаше среќа да го постигне вториот погодок на натпреварот, ја погоди стативата.

На почетокот на второто полувреме Крос нафрли од корнер, а Рамос со глава го израмни резултатот. Пет минути подоцна повторо корнер, повторно Крос и повторно Рамос за водство на Реал Мадрид.

Карвахал пропушти огромна шанса за погодок. Конечните 1:3 ги постави Алваро Мората во судиското продолжение во второто полувреме. Во 1/4 финалето се пласира Реал Мадрид со вкупен резултат 6:2.