Дортмунд понудил фантастична трампа, но Челси не ја сакале ѕвездата на „милионерите“!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси синоќа успеа да слави против Вотфорд со 2-1, но стана јасно дека ќе им бидат потребни засилувања доколку планираат да се вратат во Лигата на шампиони.

Борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампиони ќе биде пеколна, Арсенал веднаш им „дише во врат“, а „сините“ имаат мал избор на фудбалер.

Сега кога Азар редовно игра во нападот, ќе бидат потребни засилувања и по крилните позиции.

Тие имаа идеална шанса да го купат Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд, но, наводно тие ја одбиле таа понуда.

„Милионерите“ понудиле трампа, поточно го сакале Калум Хадсон-Одои во замена за репрезентативецот на САД, а таа понуда не му се допаднала на Челси.

Нема сомнеж дека Одои е талентиран, но кај Сари добива малку шанса, па се очекува во иднина да се бори повеќе за место меѓу првите 11.