Жестока битка на гигантите: Ливерпул и Милан во ред за потписот вреден 100 милиони?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот фудбалер на Удинезе и Сампдорија, Бруно Фернандеш, играше уште една фантастична сезона во дресот на лисабонски Спортинг.

Остана летово во клубот и покрај големиот интерес за неговите услуги и сите контроверзни кои му се случија на клубот од португалската престолнина, а за „Лавовите“ во тековната сезона запиша 31 настап во сите натпреварувања, постигна 17 погодоци и запиша осум асистенции.

Спортинг се обидува да го врзе со нов договор до 2024. година, но не сакаат да ја менуваат откупната клаузула од 100 милиони евра, која ја има во актуелната соработка со клубот.

Тоа значи дека заинтересираните страни ќе можат да го добијат за споменатата сума и во иднина, а како главни фаворити за потписот на Фернандеш фигурираат Милан и Ливерпул.

Обата тима следното лето ќе се обидат да го доведат во своите редови, а впечатокот е сепак дека нема да бидат подготвени да ја платат клаузулата, но исто така поприлично е јасно дека Спортинг би прифатил и далеку помалку.

Овој 24-годишен играч за врска може да ги покрие речиси сите позиции во редот за врска, кариерата ја почна во Италија во дресот на Новара, играше потоа за Удинезе и Сампдорија, пред во 2017. година да се врати во редовите на Спортинг.

Запиша и 11 настапи за репрезентацијата на Португалија, играше и на СП, а во дресот на националниот тим има запишан и еден погодок.