„Заслуживме да победиме“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона и Реал Мадрид одиграа нерешено во големото дерби.

Барселона стигна до предност во 53-та минута со голот на Луис Суарез, но до крајот на натпреварот Реал Мадрид успеа да израмни со голот на Серхио Рамос.

По натпреварот, Луис Енрике изјави дека неговиот тим заслужил да победи.

„Бевме подобри во второто  полувреме, но не успеавме да постигнеме втор гол и на крајот тие израмнија. Ова не е најдобар резултат за нас.“

„Има уште натпревари до крајот, но мораме да се поправиме, особено на домашен терен. Тоа го зборувам дури и кога победуваме. Мора да напредуваме во сите полиња. Амбициозни сме.“