За клучниот дуел против Бенфика, Ковач во ростерот ќе има само 13 фудбалери…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот стратег, Нико Ковач се наоѓа во многу тешка ситуација во Баерн и најверојатно во следните денови ќе заработи отказ доколку нешто драстично не се промени.

Баерн се наоѓа во голема резултатска криза, а германските медиуми најмногу го критикуваат Ковач и неговиот однос со играчите. Како што се наведува, некои фудбалери сакаат Ковач да го напушти минхенскиот клуб и поради тоа намерно ја саботираат работата на хрватскиот стратег.

Баварците вечерва играат во дуел од Лигата на шампионите против Бенфика што би можел да биде последен меч за Ковач на клупата на овој клуб. Повредени се Хамес, Тијаго, Коман и Толисо, а вчера на тренингот се повреди Гнабри. Но, тоа не беше крај на проблемите, со оглед на тоа дека потврдено е дека нема да игра ниту Матс Хумелс кој има проблем со настинка.