За некој трета, а за некого можеби и четврта среќа: Баерн со нова понуда на адреса на Челси?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На адреса на Челси денес пристигна и четвртата понуда од Баерн за талентираниот фудбалер Калум Хадсон- Одои, јавува Скај Спортс.

Баварците досега трипати безуспешно се обидуваа да го ангажираат младиот Англичанец, но Челси не сакаше да преговара без понуда во износ од 35 милиони фунти.

Третата понуда на баерн изнесува 30 милиони фунти, но последната четврта е поголема за пет милиони такашто е исполнет првиот и најголем услов за продолжување на преговорите.

Хадсон-Одои има уште нешто помалку од година и половина договор со Челси, а најголемиот проблем околу неговата продажба од Челси претставува што може тоа да влијае негативно, бидејќи овој фудбалер важи за еден од најталентираните млади фудбалери од академијата на „Плавите“.

Челси сепак би го задржан Хадсон-Одои, но 18-годишниот фудбалер е далеку од потпишување на нов договор така што е можно својата кариера да ја продолжи во Баерн.

Во секој случај, Баерн го направи својот дел од работите и сега се чека одговор од
„Стемфорд Бриџ“, кој би требало да стигне многу брзо.