Збогум Спалети: Легенда на Интер се враќа во Милано!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер во минатото коло во италијанскиот шампионат се посрамотија против Болоња, откако загубија на домашен терен со 0-1.

За Интер ова беше нов пораз, откако во минатото коло загубија во гости од Торино. По новиот пораз, Лучано Спалети е многу блиску до отказ.

Италијанските медиуми пишуваат дека Спалети во наредните денови ќе си замине од Милано, а во Интер ќе пристигне поранешниот фудбалер Естебан Камбијасо.

Камбијасо беше миленик на публиката, но тие не се во моментов „загреани“ за негово враќање во клубот.

Тој во дресот на Интер одигра над 440 натпревари, па притоа освои пет титули, како и Лигата на шампиони.