„Знаеме како му е на Лестер, тешко е кога си шампион!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот за врска на Челси, Немања Матиќ е на добар пат оваа сезона да ја врати титулата во ПЛ.

Матиќ вели дека неговиот тим има многу искуство за тоа, па поради тоа знае како им е на фудбалерите на Лестер кои играат очајна сезона.

Пред 2 години Челси под водство на Мурињо стигна до трофејот во ПЛ, но наредната година никој не можеше да ги препознае. Потоа титулата ја освои Лестер, но потоа и тие започнаа да играат многу лошо.

„Знам како се чувствуваат во Лестер. Минатата сезона им одеше се како што треба, а оваа е поинаку. Исто така, нивните противници се мотивирани затоа што сакаат да се докажат против шампионот. Тешко е да се игра кога си шампион.“