Играчи на Црвена Звезда нападнати во Сплит: Еден од нив мораше да се спасува со скок во морето (Видео)

Ватерполистите на Црвена Звезда биле нападнати во Сплит денес околу пладне. Четворица играчи седеле во кафетерија во маици од клубот, а потоа ги нападнале поради тоа што на нив имале обележја од Црвена Звезда.

Играчите почнале да бегаат, а еден за да се спаси скокнал во морето. Како што пишуваат  далматинските медиуми, полицијата брзо реагирала и спречила поголем инцидент.

Ватерполо натпреварот во кој Црвена Звезда требаше да му гостува на Морнар е откажан, а играчите на српскиот клуб веќе се на пат кон Белград.