„Играч на натпреварот? Тој кој не постигна ниту еден гол“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберт Левандовски постигна хет-трик, Коман беше двоен стрелец, по еден гол постигнаа Робен, Алаба и Видал, но за Анчелоти играч на натпреварот беше Милер.

Баерн стигна до победа од 8:0 против Хамбург, а тоа стана традиција.

„Томас Милер беше најдобар на натпреварот, без оглед на тоа што не постигна гол. Тој беше важен за нашата победа. Одлично се движеше и беше вклучен во секој напад.“

Овој натпревар беше 1000-ти во кариерата на Анчелоти и 100-ти без примен гол за Ноер.

Хамбург во последните 7 гостувања кај Баерн Минхен прими 44 голови, поточно по редослед: 6:0, 5:0, 9:2, 3:1. 8:0, 5:0 и 8:0.