Интерес на Барселона за поранешниот играч – Поранешниот играч се враќа по 4 години во Каталонија:!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тиаго Алкантара би можел да се врати во Барселона.

Тој токму од тој тим дојде во 2013-та година во Баерн Минхен.

Алкантара ја напушти Барселона за 18 милиони евра, поради клаузулата во договорот која ја гарантираше оваа висина на сума доколку Шпанецот одигра помалку од 60% натпревари на Барселона.

Тоа и се случи, па замина во Баерн каде што со одличните игри привлече внимание на Каталонците.

Голема улога во новиот трансфер би можела да одигра неговата голема љубов кон Барселона, како и фактот дека неговиот брат му се приклучи на клубот.

Во случај Барселона да го врати него во свои редови, ќе мора да одвои многу повеќе пари отколку што доби пред 4 години.