Интер најде нов тим за Габигол?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер би можел да го испрати на позајмица својот фудбалер.

Габигол стигна во тимот за 30 милиони евра од Сантос, но не ги оправда очекувањата и би можел да замине на позајмица во Шпанија.

Иако се споменуваше дека интерес покажала Севиља, медиумите пишуваат дека Лас Палмас се надева дека ќе го донесе овој фудбалер на позјамица.

Габигол оваа сезона седеше на клупата за резервни фудбалери, а одигра само 9 натпревари и постигна 1 гол.

Интер минатото лето се бореше со Јувентус, Реал и Барселона за овој фудбалер.