И девет години подоцна, Пеп повторно го сака во својот тим!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот по една година го напушта Јувентус и се сели во Англија?

Дани Алвеш би можел да биде интересно засилување за Гвардиола во Сити.

Според медиумите, Шпанецот сака да донесе десен бек, а иако Бразилецот е во години, Пеп смета дека тој е подобро решение од Забалета и Сања.

Пеп и Алвеш имаат голема заедничка историја, затоа што во период од 2008 до 2012 година освоија 14 трофеи во Барселона.

Токму тогаш Алвеш стигна како голема желба на Гвардиола за рекордни 35 милиони евра.

Тој оваа година полни 35, но Пеп верува дека има уште многу да покаже, па најверојатно ќе го гледаме наскоро Алвеш во ПЛ.