„И Платини имаше проблеми во Јуве!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Слабиот почеток на Ренато Санчез во Баерн не го загрижува Карло Анчелоти.

Санчез по одлично одиграното ЕП дојде како голема ѕвезда во Баерн, меѓутоа сеуште не го покажа вистинското лице во БЛ.

Анчелоти е свесен дека младиот фудбалер има проблем да се прилагоди во новата средина.

„Ренато има проблеми со прилагодувањето. И Платини се намачи кога стигна во Јувентус.“

„Тоа е се последица од промената на јазикот, нова земја, нов клуб и многу други работи.“

„И покрај тоа, тој е млад. Мораме да бидеме трпеливи со него. Ќе напредува во вториот дел од сезоната. Не видов многу играчи за врска кои имаат моќ слична на неговата.“

„Само мора да го насочиме на вистинскиот пат.“