Каков мајстор: Дончиќ постигна неверојатен кош против Хјустон (ВИДЕО)

Лука Дончиќ освои многу трофеи во европската кошарка за само неколку години во сениорската конкурнеција.

Беше најкорисен кошаркар на АЦБ лигата, МВП на Евролигата, беше и во најдобрата петорка на Евробаскетот, освои три шампионати и ова лето се пресели во НБА-лигата.

Имаше многу луѓе кои се сомневаа во неговите квалитети, но маестралниот Дончиќ ги замолче сите со неговите настапи.

На 19 настапи во НБА-лигата, Дончиќ во просек постигнува 19,1 поен, 6,5 скокови, 4,2 асистенции и една украдена топка по натпревар.

Против Хјустон постигна 20 поени, а првото полувреме го заврши на неверојатен начин со тројка од половина терен.