Камила Џорџи е суспендирана на 9 месеци!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тениски сојуз ја суспендираше Камила Џорџи на 9 месеци и доби забрана во тој период да настапува за Фед куп репрезентацијата на таа земја.

Таа е суспендирана затоа што одбила да игра за својата земја во април кога играат против Шпанија во Фед купот.

Покрај 9 месеци суспензија, таа доби и 30.000 евра парична казна, но исто така и е забрането да тренира на терените на тенискиот сојуз на Италија.

Нејзиниот татко кој и е тренер изјави дека таа не одбила повик да игра туку ги замолима да и дозволат да го пропушти тој натпревар за да може да игра квалификации за турнирот во Штутгарт.