Кај „Баварците“ нема шега: Подготвени 80 милиони евра за вториот најплатен дефанзивец во историјата…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетико Мадрид се спротивстави на нападите за летото и зимата, но изгледа дека претстојниот преоден рок е дефинитивен.

Лукас Ернандез најверојатно ќе ги брани боите на минхенски Баерн следната сезона.

Сопственикот на Баварците, Ули Хенес потврди дека средствата не претставуваат проблем.

„Мораме да ја засилиме нашата одбрана. Ако ни се пружи шанса сигурно ќе ја исплатиме клаузулата. Штедевме такашто сме подготвени за летото, нашиот спортски директор оддржува се под контрола“, истакна за германските медиуми Хенес.

Ернандез закрепнува од повредата на коленото, но клубот кој го предводи Ковач нема сомнеж во неговите способности и подготвени се на мадридскиот клуб да му исплатат 80 милиони евра колку што и изнесува клаузулата за 20-годишниот дефанзивец.

Овој трансфер би го ставил на втората позиција најплатени одбранбени играчи, Вирџил Ван Дајк го држи првото место со цифрата од 85 милиони евра колку што Ливерпул исплати за него пред повеќе од една година.