Клоп бесен и се обрати на јавноста: Причината се Гери Невил и групата новинари…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јирген Клоп збесна поради пишувањата на новинарите во Англија, но и сите оние кои мислат дека подобро за Ливерпул е да биде елиминиран од Баерн.

Медиумите често пишуваат за тоа во последниот месец, дали е подобро за Ливерпул само да се насочи на Премиер лигата и да го намали интензитетот на игра во Лигата на шампионите?

Вчера Мохамед Салах истакна дека ќе се жртвува поради тимот кој повеќе ја посакува Премиер лигата, но и дека целта му е да ги освои двата трофеи.

Што има да каже Јирген Клоп пред дуелот во осминафиналето од Лигата на шампионите против Баерн?

„Ние и натаму сакаме да ја докажеме нашата вредност во Европа. Важно е за клубот да им докажеме на сите дека сме силни во Европа. Ние сега имаме шанса, не сме како деца кои мислат дека ги загубиле сите шанси кога ќе не победат во првиот меч. Лесно е да се зборува во студија или да се пишува во канцеларија за работите какви што се „Ливерпул да биде елиминиран“.

Мислите дека подобро е веднаш да бидете елиминирани од сите купови? Направете го тоа и сите ќе ве нападнат како луди. Што сега, блиску сме до крајот на сезоната, успеавме да стигнеме овде во Лигата на шампионите и треба да бидеме елиминирани? Тоа е лудо. Тоа е причина зошто тие кои така мислат немаат работа покрај аут линијата“, јасно посочи Клоп.

Гери Невил беше тој кој ја покрена приказната дека за Ливерпул е подобро да биде елиминиран од Лигата на шампионите, па ваквата изјава на Јирген Клоп беше наменета најмногу нему.