Клоп ги постави приоритетите – Ќе има измени во првиот тим!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ниту на Ливерпул не му оди добро во оваа година, а Клоп не е задоволен со некои фудбалери кои играат во првиот тим, па ќе прави некои измени во лето.

Ливерпул одамна нема титула, а имаат големи проблеми дури и да влезат во трка во последните 10 години, а кога и да влезеа, ја губеа на крајот.

Ливерпул се надева дека Клоп може да им ја донесе титулата, затоа што тој ја освои титулата во БЛ, но ова е сосема поинаква лига.

Оваа сезона Ливерпул одлично започна, беше дури и неколку кола прв на табелата, но по лошата серија, сега титулата изгледа изгубено.

Навивачте не се задоволни со игрите на некои фудбалери, особено голманот и Емре Чан.

Поради тоа, треба да се очекуваат неколку засилувања во лето.

Медиумите во Англија денес пишуваат за првите две мети во лето, а тоа се Џулијан Брандт и Самир Хандановиќ.

Апсолутно има логика, Хандановиќ има 32 години и е еден од најдобрите голмани во Серија А во последните 10 години.

Има договор до 2019-та година, а Ливерпул ќе мора да плати барем 10 милиони евра за него.

Медиумите пишуваат дека приоритет на Клоп во лето ќе му биде Џулијан Брандт. 20-годишен фудбалер на Леверкузен кој има искуство со играње во БЛ и тоа големо за свои години. Има одиграно 84 натпревари и постигнато 17 голови.

Нема сомнеж дека добро би му дошол на Ливерпул, а тој вреди 20 милиони фунти.

Покрај овие двајца, Клоп сака и млад фудбалер на Нотингем Форест. Јунајтед ќе им биде голем ривал за донесување на младиот фудбалер кој се вика Бен Бреретон. Младиот напаѓач вреди 2.5 милиони фунти, иако има само 17 години.

Се почесто се споменува и доаѓање на играчи за врска, а ќе видиме кого ќе донесе Клоп.

Има и заминувања од Ливерпул, а тоа е веќе завршено. Младиот Брукс Ленон до крајот на годината ќе игра во Реал Солт Лејк. Станува збор за напаѓач кој дојде токму од оваа екипа пред година и пол.