Клоп доби гаранции – Вака ќе изгледа новиот Ливерпул!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германецот не е задоволен, некои стандардни фудбалери мора да го напуштат тимот, а следуваат и големи измени.

Клоп наводно добил гаранција од сопствениците дека ќе донесе 5 или 6 одлични фудбалери.

Германецот во исто време треба да се ослободи од некои фудбалери, пред се од Стариџ.

Тој би можел да направи место за Обамејанг кој Клоп го донесе и во Дортмунд, но не се знае колку големи се шансите на Ливерпул покрај Сити и Реал Мадрид.

Покрај тоа, Хандановиќ е една мета, а Харт е друга мета додека треба да дојде и Брандт од Леверкузен.

И тоа не е се, според планот на Клоп во тимот треба да стигнат неколку млади играчи од Чемпионшип и така да изврши промена на генерацијата. Потребен е лев бек, сега таму игра Милнер, а најчесто се споменуваше Родригез од Волфсбург.

Во секој случај, сопствениците се свесни дека овој тим не е доволно добар за титула, но се надеваат дека ќе успее Клоп да заврши во топ 4 оваа сезона.