Критики од легендата на Ливерпул: Тимот мора да донесе голман од светска класа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер испрати остра порака до голманот на својот поранешен тим, Лорис Кариус.

Карагер не е задоволен со неговите игри и смета дека Ливерпул мора да донесе подобар голман.

„Кариус оваа недела одговори на моите зборови. Мој совет е: Замолчи и работи си ја работата!“

„Вистински одговор на критиките би бил да го спасеше својот гол по ударот на  Паје, но тоа тој не го стори. Против Вест Хем, како и против Бурнмут, неговите раце не беа доволно силни.“

Ливерпул го донесе Кариус во летниот преоден рок од Маинц.

Претходно тој беше член на Манчестер Сити и Штутгарт.