„Кутињо е неверојатен фудбалер!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не престанува да го фали еден од најдобрите играчи во тимот, Филипе Кутињо.

Бразилецот оваа сезона игра одлично. Ливерпул моментално има 40 бодови и се наоѓа на 2-та позиција.

Според мислењето на Клоп, најмногу заслуга за тоа има одличниот играч за врска.

„Кутињо е неверојатен играч. Има многу силен и прецизен удар. Јас да имам удар како него, секој ден би одел да шутирам во некој ѕид за да добијам самодоверба.“

Дека има голем квалитет покажува фактот дека голем број на гиганти се заинтересирани за Кутињо.