Легендарниот Буфон не штедеше зборови: Тој е врвот на модерната генерација во фудбалот…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефинитивно еден од најдобрите голмани на сите времиња, легендарниот Џанлуиџи Буфон од ова лето го промени клубот и го облече дресот на францускиот шампион.

По суспензијата од три меча поради црвениот картон против Реал, Буфон не бранеше на стартот во Лигата на шампионите, но сега денитивно ќе биде на голот на францускиот тим и ќе се обиде со своето искуство на овој тим да му помогне да ја совладаат тешката препрека вечерва.

ПСЖ го дочекува Ливерпул во можеби и одлучувачкиот меч за минување во следната фаза, а Буфон пред овој меч со пофалби го закити голманот на Ливерпул, Алисон.

„Кога почнав да бранам, првото прашање беше колку си добар со рацете, а сега прашање е колку си добар со нозете. Нема сомнеж дека се се смени, а вие морате да се прилагодите на модерниот фудбал“, започна Буфон.

„Алисон има апсолутно се што е потребно за еден модерен голман. Ливерпул прими многу малку погодоци оваа сезона, а тој можеби е изненадување за луѓето на Островот, но за мене не е. Го гледав пред неколку години и имам голема почит кон него.

Тој е опуштен со топката, тој на своите дефанзивци им влева дополнителна самодоверба. Тој е еден од тројцата најдобри голмани на светот, а има потенцијал навистина да остави трага во текот на својата кариера“, истакна голманот на ПСЖ.