Легендата блеска и на 35 години: Касиљас постави два нови рекорди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Икер Касиљас во победата против Порто од 5:0 против Лестер стигна до 2 рекорди во ЛШ.

За него ова е 18-та сезона во ЛШ, а дури 17 пати ја поминуваше групната фаза, па така се израмни со Рајан Гигс.

Пол Сколс има 16 настапи во нокаут фазата, Иниеста и Алонсо по 14 додека Роналдо, Меси и Робен имаат по 13.

Касиљас стигна и до 97-та победа во ЛШ, со што е апсолутен рекордер. Од врвот го симна Чави кој има 96 победи.

А до рекорд стигна и поранешниот клуб на Икер, Реал кој е непоразен во 34 натпревари по ред. Така го израмнија својот рекорд од сезоната 1988/89.