Ливерпул купува во Лондон: Дали Арсенал ќе се согласи на ова?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Арсенал, Чемберлејн би можел кариерата да ја продолжи во Ливерпул.

Според медиумите, Ливерпул во големиот ривал од Лондон во јануари би можел да испрати понуда за 23 годишниот играч.

Чемберлејн е една од главните мети на Клоп, па овој фудбалер наскоро би можеле да го видиме во дресот на Ливерпул.

За овој фудбалер Ливерпул е подготвен да плати помеѓу 20 и 25 милиони фунти.

Тој дојде во Арсенал во 2011 година, а оваа сезоан во сите натпреварувања одигра 23 натпревари, односно постигна 6 голови и 6 асистенции.

Сепак, голем број на натпревари ги започна од клупата, а тоа го прави играчот незадоволен.