Ливерпул се засилува со лев бек: Клоп најде неочекувано засилување?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул во јануари ќе се обиде да го реши прашањето за лев бек, а тоа е позиција која му создава проблеми на Јирген Клоп.

Со оглед на тоа дека не е задоволен од Морено, таа позиција ја покрива Милнер, а во неделите кои доаѓаат јасно е дека Клоп ќе се обиде да најде решение.

Како играч кој се споменува како прво засилување на Ливерпул е Франк Ачеампонг, 23-годишен играч на Андерлехт кој може да ја покрие позицијата и на лево крило.

Не е тајна дека Клоп и неговите соработници веќе некое време го следат овој игрча, кој не би требало да има висока цена доколку се одлучат да испратат понуда за него.

Единствено што би можело да претставува проблем при реализација на трансфер во јануари е фактот дека играчот најверојатно ќе настапи за Гана на Африканскиот куп на нации.