Ливерпул троши 100 милиони за засилувања и титулата ќе биде нивна!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул има направено план по најновиот пораз на Манчестер сити, па сакаат да донесат уште еден напаѓач и фудбалер од средниот ред, а до крајот на преодниот рок би можеле да потрошат 100 милиони евра.

Прв е Сандро Тонали од Бреша, кој го сметаат за „новиот Пирло“, а за него интерес покажаа и Милан, Јувентус, Интер и Рома.

Преговорите се во тек, а Ливерпул ќе треба да го плати неверојатни 35 милиони евра.

Уште еден фудбалер кој би можел да пристигне на „Енфилд“ е напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, кој има откупна клаузула од 60 милиони фунти.

Ливерпул го сака како уште еден квалитетен избор во нападот, па би можеле да го ангажираат и него.

Англичаните сметаат дека Ливерпул со овие засилувања би требало да ја издржи тешката сезона и да ја освои титулата во Премиерлигата.