Ловрен со провокација до Шпанците: Пи*ки обични! Зборувај сега, Рамос, зборувај! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен урнебесно ја прослави победата на неговата селекција против Шпанија со 3-2 во Лигата на нации.

Дефанзивецот на Ливерпул во претходните денови имаше конфликт со Серхио Рамос, капитенот на шпанската репрезентација.

Ловрен му кажа дека Рамос е преценет и дека помалку греши од Шпанецот, но и дека за капитенот на Реал никогаш не се зборува бидејќи неговиот тим убедливо победува.

„А-ха. 3-2. Па ти зборувај мајсторе на конференција. Мајсторееее. Тоа се пи*ки обично. Само ова вреди, оваа страна“, кажа Ловрен.