Македонските хокеари освоија златен медал на „Девелопмент Купот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската хокеарска федерација испиша историја во македонскиот спорт, откако денеска го освои неофицијалното Светско првенство за држави без хокеј арени, односно „Девелопмент Купот“ по побеата против Португалија од 9-3 во финалето.

Македонските хокеари играа храбро на турнирот во Фусен, Германија, па запишаа дури пет победи по ред, односно по две против Португалија и две против Андора, како и една против Република Ирска, па на крајот стигнаа до големиот успех.

Иако можеби никој не очекуваше ваков настап и успех на македонската репрезентација, сепак тие го изненадија светот, а по освојувањето на златниот медал имаа порака.

Претседателот на хокеарската репрезентација,  Никола Тасев, порача дека немаат добри услови во Македонија и побара изградба на хокеј арена во нашата држава.

„НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА!!!

Светско првенство во хокеј за држави без хокеј арена или официјално IIHF Development Cup.
ГО ОСВОИВМЕ!!!

Со 5 победи во 5 натпревари. Докажавме дека хокејот не е мал и непросперитетен спорт во Македонија, напротив, има иднина ама нема услови.

Десет години се мачевме со претходната власт да се убедуваме дека хокеј арена е неопходна за развој на 5 зимски олимписки спортови. Не успеавме. Речиси две години од оваа влада исто така абер нема да се направи нешто на ова поле. Во ред е да имаме 5 монтажни лизгалишта низ цела држава, но сакаме ХОКЕЈ АРЕНА!!!

15 години се мачиме да го дигнеме хокејот, 15 години со сопствени средства го одржуваме овој спорт, 15 години чекаме на хокеј арена!

НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА под итно, НИ ТРЕБА ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од еден лав или ограда на мост, САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА која не чини повеќе од сумата исплатена на 3 компании блиски до Владата од Фондот за Иновации на жими мајка.

Кога гледам како на глупости се трошат народни пари ми доаѓа да врискам се погласно секој ден: САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА!!!

Голема благодарност до хокејарите, до стручниот штаб, до пријателите на хокејот….овој успех е заеднички. Отидовме во Германија на првенство со броени пари, за пат, за спиење и по некој сендвич, се вративме златни со пехар, со покажување на пркос дека можеме да успееме и кога немаме услови и кога никој не верува во нас.

ХОКЕЈОТ ИМА ИДНИНА ВО МАКЕДОНИЈА – НИ ТРЕБА АРЕНА!!!“