„Мекгрегор нема да добие реванш, но Хабиб ќе го има најголемиот предизвик во кариерата!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот УФЦ коментатор, Џо Роган, зборуваше за нова борба на Хабиб Нурмагомедов, а неговиот нареден противник би требало да биде Тони Фергусон.

„Не верувам дека Мекгрегор ќе добие реванш. Би се обложил дека Хабиб ќе се бори против Фергусон. УФЦ не требаше да му ја одземе титулата. Човекот се повреди во текот на прес-конференцијата, а по шест месеци се врати и го уништи Ентони Пети“, кажа Роган.

Фергусон е еден од најспектакуларните борци во УФЦ. Во кариерата има 24 победи и три порази и има најдолга низа победи во историјата во лесна категорија, односно 11 борби по ред.