Мекгрегор се отвори: Еве што ќе биде со неговата кариера по поразот од Хабиб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конор Мекгрегор, најголемата ММА личност во светот, откри што му следува во кариерата по поразот од Хабиб Нурмагомедов. Се чини дека а возврат не е опција која му игра.

„Ако не можам да го добијам реваншот во истиот момент, не е ниту важно… Ќе се борам против следниот кој е во низата. И онака секогаш се работи само за мене. Ќе де видиме наскоро мои фанови, Ве сакам.

Секако дека сакам да се вратам што е можно побрзо. Ќе видиме што ќе се случува. Очигледно имам уште нерешени работи со Комисијата во Невада. Тие мораат да донесат свој суд, а потоа ќе одиме од тој заклучок“, истакна Ирецот во интервју за Експрес УК.

Конор прво мора да го среди проблемот кој настана поради инцидентот на мечот на УФЦ 229.

Хабиб инаку, на Мекгрегор му го нанесе четвртиот пораз во професионалната кариера во која има уште 21 триумф.