Мерцедес во големи проблеми: Ќе се најде ли добра замена за Розберг?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мерцедес се најде во големи проблеми откако Нико Розберг одлучи да замине во пензија и тоа само неколку денови откако ја освои титулата во Ф1.

Одлуката ја изненади јавноста, но нешто слично можеше да се очекува по бурните случувања во овој тим.

Впечатокот е дека Розберг и Хамилтон не се сложуваа најдобро, а дека постоеше голема нетрпеливост помеѓу нив зборува и фактот едка неколку пати тие не се поздравија по завршувањето на трката.

Волф ќе мора сега да најде замена за Розберг. Почнаа шпекулациите, а шанси за возачкото место во тимот ќе имаат Себастијан Фетел, Валтери Ботас, Паскал Верлеин, како и на Алонсо и Рикардо.

Мерцедес нема многу време за да избере нов возач затоа што започнаа подготовките за наредната сезона.