„Можеме да ја освоиме ЛШ!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот тренер на Лестер, Шекспир пред натпреварот со Севиља изјави дека неговиот тим може да ја освои ЛШ.

Иако Лестер оваа сезона игра многу лошо, сепак постои оптимизам во тимот.

„Освојување на ЛШ. Зошто да не. Ние сме тука и може да ја освоиме титулата. Секој натпревар е поинаков од претходниот и ние мора да се обидеме да победиме.“

„Среќен сум што ќе бидам овде до крајот на сезоната. Преговорите беа брзи и ефикасни, започнаа во четврток, а завршија во сабота. Сега може да бидам фокусиран на предизвиците кои следуваат.“

Лестер во реваншот во 1/8-финале ќе се обиде на свој терен да победи, откако во првиот натпревар беше поразен со 2:1.