„Монте Карло и Ролан Гарос ми се најважни турнири!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Надал потврди дека нема да игра во Дејвис куп против Србија од 7-ми до 9-ти април.

„Тоа не би била најдобра подготовка за сезоната на земја која оваа сезона ми е уште поважна.“

„Сега ќе играм во Индијан Велс и Мајами, а потоа имам 2 недели да се подготвам за својот најважен дел од сезоната. Сите турнири кои ги играм ми се важни, но јасно е дека Монте Карлон и Ролан Гарос ми се уште поважни.“

Рафаел во Монте Карло оди кон 10-та титула додека во Париз нема славено уште од 2014-та година.

На почетокот на сезоната Надал изгуби во финалето на АО од Федерер, а моментално е 6-ти на АТП листата.