Монте Карло – Надал во три сетови беше подобар од Едмунд!

Рафаел Надал имаше многу проблеми во второ коло на АТП турнирот во Монте Карло.

Надал за ривал го имаше Едмунд. Започна лесно за Шпанецот кој стигна до 6:0 во првиот сет.

Но во вториот сет ја подобри играта Едмунд и стигна до 7:5.

Во последниот сет Надал беше подобар и со 6:3 успеа да победи и да се пласира во 1/8-финале, каде што ќе игра против Александар Зверев.