Мончи има интересна идеја, Арсенал и Рома ќе прават размена во јануари!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Патрик Шик е пред заминување од Рома, но спортскиот директор на Римјаните, Мончи веднаш нашол негова замена.

Шик не се прилагоди во Рим, откако стигна минатата година за 22 милиони евра, а проблеми му направија и големиот број повреди.

Во 34 настапи постигна три голови, па Римјаните сакаат да го продадат уште во јануари, а неколку клубови се заинтересирани за него.

Мончи нема ништо против да го пушти Шик во Лондон, односно Арсенал, кој покажа интерес, но во спротивен правец да замине Арон Ремзи.

„Топчиите“ во моментов се во незгодна ситуација поради страшната повреда на Дени Велбек, па потребна им е уште една опција во нападот.