„Мора да изедеме многу жаби ова лето“


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Германецот употреби зборови за да ја опише целата ситуација за трансферите.

Како што се доближува летото, се повеќе шпекулации има за трансфер маркетот. Тоа секако не го одмина и Ливерпул, а Клоп даде изјава за целата ситуација.

„Ќе мора да изедеме многу жаби.“

Тој сакаше да каже дека можниот пласман во ЛШ е многу важен за Ливерпул за да ги привлече најквалитетните играчи во тимот.

„Не сакам играчи кои само сакаат да дојдат во клубот за да играат ЛШ и да им биде само тоа цел. Колку е подобар играчот, толку повеќе клубови го бараат. Не може да им се доближуваме на играчите со тоа дека Ливерпул е убав град. Мораме да ги добиеме со други работи.“