Мундијалот ја зема првата жртва: Навивач се убил поради лошите игри на Меси и Аргентина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Аргентина сигурно е најголемото разочарување на досегашното Светско првенство кое се игра во Русија.

Аргентинците по две одиграни кола имаат освоено само еден бод и може да се заблагодарат на Нигерија сè што уште имаат шанси за пласман во осминафиналето.

Навивачите на селекцијата се разочарани со играта на својата екипа, а поразот од Хрватска натерал еден навивач на Лионел Меси да се самоубие.

Навивач од Индија, Дин Алекс бил голем фан на Меси, но и на Аргентина. Полицијата го бараше неколку дена, а истрагата завршила трагично бидејќи го пронашле неговото беживотно тело.

По натпреварот Хрватска-Аргентина, Алекс го исклучил мобилниот и плачел, а потоа скокнал во река и се удавил.