Мурињо во напад – Јунајтед донесува Французин?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на Манчестер Јунајтед ќе се обиде во лето да го донесе Муса Дембеле.

20-годишниот Французин беше мета на многу гиганти во јануари. Постигна 32 голови во 45 натпревари и стана посакуван фудбалер.

Според медиумите, Мурињо е воодушевен од неговите игри и сака да го донесе на крајот на сезоната.

Дембеле е млад и пред него е богата кариера, па да го донесат за 30 милиони фунти ќе биде одлично.

Прва желба на Јунајтед е Гризман, но доколку Атлетико не го пушти него, неговиот сонародник од Селтик би можел да дојде во Манчестер.