Мурињо ги избра најдобрите 16: Главните адути во својата кариера не ги наброја


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали некогаш сте виделе еден од најдобрите тренери на светот Жозе Мурињо да ги избере 11 најдобри фудбалери кој ги ги тренираше?

Па, веројатно нема да видите бидејќи тој тоа не сакаше да го направи дури ни за официјалната страница за ФИФА.

Мурињо запрашан да состави 11 најдобри, тој тоа не можеше, па наброја 16 фудбалери и објасни зошто не можеше да се одлучи.

„Тоа е прашање на кое секогаш избегавам да дадам одговор, па и сега истото ќе го направам. Многу фудбалери дадоа крв и душа додека играа за мене, како можам некого да изберам, а некого да изоставам? Виктор Баиа, Петр Чех, Хулио Цезар..Како само еден да одберам? Хорхе Коста, Рикардо Карваљо, Марко Матераци, Лусио, Валтер Самуел, Џон Тери… Како и овде само еден да изберам? Мајкл Есиен, Весли Снајдер, Немања Матиќ, Костиња, Чаби Алонсо, Франк Лампард.. Овде истотака. Мислам дека никогаш нема да одговорам на тоа прашање бидејќи никогаш нема да ги заборавам мпите браќа по оружје“, рече Жозе.

Значи, Посебниот никаде не спомена играчи како Кристијано Роналдо или Златан Ибрахимовиќ.