Му се остварува желбата на Сари: Челси добива мега-ѕвезда во јануари!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси почна одлично сезонава, но потоа следуваше пад на формата и лоши резултати, а тренерот Маурицио Сари знае дека му се потребни голем број на засилувања.

Не е позната судбината на Еден Азар, а многу работи зависат од тоа, но сепак Сари има план наредното лето да го ангажира Кристијан Пулишиќ, еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Пулишиќ има само 20 години, а веќе одигра 114 натпревари во дресот на Борусија Дортмунд, каде што стигна во 2015 година.

„Билд“ пишува дека Дортмунд сака да го продаде Пулишиќ, а наводно Челси се договорил за сума од 50 милиони евра со германскиот гигант.