Навивачите на Лејкерс во страв поради Леброн: Слушнав дека нешто пукна… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс синоќа го победија актуелниот шампион Голден Стејт вориорс со 127-101, а триумфот остана во сенка на повредата на Леброн Џејмс.

Додека навивачите на Лејкерс во страв чекаат вести, Леброн се јави по мечот и беше расположен.

„Никогаш не сум бил премногу загрижен за повредите. Си заминав само од паркетот. Слушнав дека нешто пукна, пробав да се истегнам, но не можев. Се надевам дека не е нешто сериозно“, кажа Џејмс.

Сега Лејкерс нетрпеливо чека нови вести за повредата на главната ѕвезда, а неговото отсуство би бил голем удар за тимот, кој е четвртти на Западот и има 20 победи и 14 порази.